0
  • Новости
  • 2023-03-27 10:06:43

Како да препознате кој душек е квалитетен?

share :

Квалитетот е првата работа на која помислуваме кога сме во потрага по нов душек, со надеж дека тој ќе ни донесе мирно преспани ноќи на подолг рок.


Сепак во широката понуда и различни цени, често се прашуваме како да препознаеме квалитетен душек кој ќе биде добра инвестиција во нашето здравје.

Цената честопати може да биде добар показател за квалитетот, но не и единствен, па затоа при купувањето на душек секогаш треба да го изберете најквалитетниот, а не најскапиот што можете да си го дозволите. 

Ова се критериумите кој треба да ги земете во обзир кога сте во потрага по квалитетен душек:

Материјалите од кој е изработен душекот

Ако сакате да го изберете најквалитетниот душек со кој ќе бидете задоволни долго време, тогаш морате и сами да направите истражување во однос на квалитетните и помалку квалитетните материјали кои се основа на секој душек и детално да се информирате во продажните салони.

Информациите за квалитетот на материјалите ќе ви помогнат за подобра представа за трајноста и можноста на душекот да ги задоволи вашите индивидуални потреби за удобност, затоа што поквалитетните материјали се помалку склони кон деформации до кои доаѓа со употребата на истиот.

Квалитетот на суровините кои се користат за изработка на душекот директно влијаат и на неговата цена, земајќи го во обзир тоа дека произведувачите на душеци вложуваат многу време и средства во истражување на нивните производи и нивно унапредување.

Овде е важно да се бара материјали кои нудат анатомска и орпотедска поддршка, кои реагираат на тежината на телото и се прилагодуваат на неговиот облик, овозможувајќи му комфор без притисок, како што е патентираната мемори пена Memoform.

Специјализираност на произведувачот на душеци

Едно од најважните правила во потрагата на квалитетен производ е: што помалку различни производи во палетата на произведувачот, толку поквалитетни прозводи. Накратко, дали поквалитетни душеци имаат производителите што се занимаваат само со призводство на душеци во текот на минатиот половина век или производителите кои освен душеци во својата палета на производи нудат и потполно неповрзани производи со спиењето.

Дополнително, производителите со најголем квалитет на своите производи го потврдуваат тоа со бројни сертификати за користење на еколошки материјали, кои не се штетни за човековото здравје и животната околина, како и најразлични потврди за здравствените предности на материјалите и технологиите кои се користат во изработка на душеците.

Дали гаранцијата на производот е воедно и гаранција за квалитет?

Вашата сигурност за квалитетот на избраниот душек може да потекнува и од дожината на гаранцијата, која јасно говори за ставот на производителот спрема своите производи. Со оглед на тоа дека изборот на вистинскиот душек е долгорочна инвестиција, која се исплати во текот на целокупниот период на користење, колку гаранцијата е подолга, толку производителот е посигурен во квалитетот на својот производ, а вие можете да бидете сигурни дека сте го добиле највисокиот квалитет за цената која сте ја платиле.

Иако нема точно правило колку долга треба да биде гаранцијата на еден душек, во пракса се покажало дека душеците обично траат т.е. остануваат во својата потполна и ненарушена функција, онолку колку и трае нивната гаранција, а на вас е да процените дали тој период е задоволувачки со однос на издвоените средства.

Секако, треба во предвид да се земе и дека гаранцијата подразбира правилно користење на душекот и не ги вклучува оштетувањата настанати поради невнимание.

Специфична намена на душекот

Скоро сите произведувачи имаат утврдени типови на душеци кои се разликуваат според нивото на комфор односно според нивото на цврстина. Меѓутоа она што ги издвојува произведувачите кои имаат намера да понудат најквалитетен производ на крајните потрошувачи е истражувањето на индивидуалните потреби на корисниците и настојувањето да ги задоволат истите.

Според тоа душеците кои се направени според специфични здравствени или други потреби се секогаш оние кај кои во создавањето се отишло чекор напред, преку внимателно избирање на материјалите од кои се изработени, технологијата и нивото на комфор.

Користењето на утврдени технологии во производството на душеците е индустриски стандард, но сигурен показател за квалитетот на еден душек е употребата на посебно креирани, а за произведувачите и скапи технологии, со намера да одговорат на вашите здравствени потреби и на други специфични барања како задоволување потреби на професионалните спортисти и потреби на луѓето со лоша терморегулација во текот на спиењето.

Овие произведувачи обрнуваат внимание на секој елемент кој е битен за вашата удобност почнувајќи од типот на пената, патентирани технологии, типот на користените влакна, па се до типот на ткаенината.

Посетете го продажнот салонот на Magniflex и уверете се во квалитетот на душеците кои ја комбинираат традицијата и иновативноста за вашиот квалитетен сон.